
Структурни промени во јавните претпријатија
Nov 23, 2024
1 min read
0
36
Јавниот сектор има важна улога во развојните процеси на економијата и општеството во целина. Јавните претпријатија имаат клучна улога во обезбедување услуги за населението и приватниот сектор.
Вo јавните претпријатија на нашата држава неопходни се структурни реформи. Најпрво, потребна е поголема транспарентност во процесите за носење на одлуки за нивните програми и стратегии. Со други зборови, потребно е да се стави поголем акцент врз подобрувањето на стратешкото планирање. Стратешкото планирање ќе помогне во трасирање на нивниот развоен пат, чиј краен резултат треба да биде поголем квалитет на услугите што ги пружаат.
Сврзно ткиво на стратешкиот менаџмент треба да биде доброто управување со човечките ресурси што би обезбедило подобар капацитет на кадрите и ефикасно управување со перформансот.
Паралелно и не помалку важен е и ефикасен систем за управување со ризици. Овој систем претставува темел за остварување на поставените цели и во себе треба да вклучува силни механизми за контрола. Овој процес за контролирање, треба да спречи коруптивни дејствувања, еден од главните проблеми со кој се соочува нашата економија. Подоцна во таа насока, неопходно е да се воспостави политика за спречување корупција.
Во јавниот сектор, потребно е да се подобрат капацитетите за проектен менаџмент со цел нивно поефикасно обработување и воспоставување што дирекно е поврзано со повисок степен на реализација. Проектите треба да бидат насочени кон поголема иновативност и дигитализација на јавните претпријатија.
На овој начин јавниот сектор може да генерира добри перформанси и да дава позитивен импулс во генерирање економски раст и развој.

Ристе Kостовски, студент од втор циклус на Економски факултет