top of page

Споредба помеѓу Македонија и Словенија во остварувањето на дванаесеттата цел за одржлив развој

Oct 31, 2024

2 min read

6

55



Во ерата на брзи промени во областа на технологијата и индустријализацијата, важноста на истражувањето и справувањето со квалитетот на воздухот се зголемува, како и стремежот за одржлив развој. Во истражувањето спроведено од група студенти, центарот на интерес е ставен врз поврзаноста меѓу субвенциите за фосилни горива и квалитетот на воздухот во две европски држави – Словенија и Македонија, земји коишто не само што се дел од ист континент и регион, туку делат и предизвици поврзани со загадувањето. Овие две држави се слични по бројот на население и по годините на независност, но се разликуваат по нивото на доходот. Главниот центар на интерес на истражувањето бил дванаесеттата цел за одржлив развој (SDG 12), а тука ќе ви прикажам три интересни споредби помеѓу двете земји.


       Количество на емисии на CO2 изразено во килотони:

Според анализираните податоци, утврдивме дека количеството на CO2 изразено во килотони, низ изминатите 20 години (од 2000 г. до денес), во Словенија осцилира некаде од 16 000 до 20 000, додека во Македонија таа бројка се движи од 10 000 па сè до 12 000, приближно во истиот период. Не наидовме на значајни осцилации на количествата, коишто би предизвикале драстични и впечатливи промени.


      Комунален отпад:

Комуналниот отпад во Словенија бележи прилично големи промени во текот на различни периоди, во последните 20-тина години. Се забележува голем пораст во 2002 г. и од 2006 г. до 2010 г., додека во другите години бележи падови. Слична појава постои и во Македонија, со тоа што тука последните веродостојни податоци се од 2011 г.: до 2014/15 г. гледаме пораст, па пад и повторно пораст во 2019/20


  Субвенциите претставени како процент од бруто-домашниот производ:

За разлика од Македонија, субвенциите во Словенија се појавуваат години порано. Словенците од 2008 г. – 2010 г. имаат пораст на процентуалното учество на субвенциите во БДП, а потоа константна застапеност, која малку се намалила во 2020/21 година. Во Македонија до 2014 г., учеството е еднакво на нула, а потоа има пораст до 2020 година за 1,5 %, каде што податоците престануваат да постојат.


Номинално претставени субвенции во долари: Субвенциите во Македонија до 2015 г. се со салдо нула, а потоа следи голем пораст во периодот од 2017 г. - 2019 г. Од 2010 година, Словенците имаат константен број на субвенции што се движи помеѓу 350-450 милиони, а намалувањето го забележуваме некаде околу 2018 г.

На крајот би кажал дека конкретната статија се однесува само на еден дел од посеопфатното истражување направено од мене и од мои колеги. Доколку поттикнавме интерес кај некој од читателите на „Авангарда“, во прилог ви оставаме линк каде што ќе можете да го видите целото наше истражување.


https://www.researchgate.net/publication/382881162_Unraveling_Air_Pollution_Dynamics_Under_the_Influence_of_Fossil_Fuel_Subsidies_The_Cases_of_Slovenia_and_North_Macedonia





Михаел Јошуа Влаисављевиќ – студент на Економски факултет – Скопје, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Oct 31, 2024

2 min read

6

55

bottom of page