top of page

Преглед на економските влијанија од вештачката интелигенција

Nov 28, 2024

1 min read

1

74

Една од појавите со кои се соочува денешницата е користење вештачка интелигенција при научно-истражувачка работа, што со неа носи економски влијанија. Во овој дел, ќе направам преглед на наоди од истражувања за влијанијата од вештачката интелигенција врз одредени економски варијабли.


Aldasoro et all (2024) во својот труд забележуваат дека вештачката интелигенција позитивно влијае врз резултатите, инвестициите и потрошувачката на краток и долг рок. Оваа проценка е во согласност со очекувањата, бидејќи ја зголемува можноста за раст на бруто домашниот производ и неговите составни делови.ITU (2018) во својот извештај забележуваат дека вештачката интелигенција ја зголемува глобалната економска активност. Овој заклучок доаѓа од фактот што има широкопојасна дистрибуција врз голем број економски сектори.


Taguimdje et all (2020) во својот труд наведуваат дека фирмите што користат вештачка интелигенција постигнуваат подобри резултари. Damioli et all (2020) истакнуваат дека вештачката интелигенција позитивно влијае врз продуктивноста на компаниите. Овие наоди се важни при креирање политики за подобрување на продуктивноста и платите во економијата. Wang et all (2022) во својот труд упатуваат дека вештачката интелигенција позитивно влијае врз вкупната факторска продуктивност. Оваа проценка е од исклучителна важност за политики што се насочени кон потенцијалниот БДП и поместување на кривата на производствените можности во економијата.


Од овие наоди може да се заклучи дека вештачката интелигенција ја зголемува ефикасноста на работењето на компаниите. Имено, клучно во секоја економија е изнаоѓање механизми за подобрување и раст на продуктивноста, која понатаму влијае врз раст на платите. Најзначајно е вештачката интелигенција да се искористи како инструмент за јакнење на потенцијалот и капацитетите за раст на економијата, односно вкупната факторска продуктивност, која всушност ги подобрува развојните капацитети на економијата.




Nov 28, 2024

1 min read

1

74

bottom of page