
Обука и развој на вработените за стабилизирање и создавање позитивни очекувања зараст и развој на компаниите
Nov 22, 2024
2 min read
0
84
Една од стратешките цели на компаниите е нивниот раст и развој. Имено, растот и
развојот на компаниите се постигнуваат со инвестиции во инфраструктура и физички
капитал, но клучен фактор се инвестициите во обука и развој на вработените.
Овие инвестиции се клучни за создавање перформанси на компаниите. Емпириските
истражувања покажуваат позитивна корелација меѓу инвестициите во истражување иразвој, и индивидуалните и организациските перформанси. Sundaram (2015) во
неговиот труд нотира позитивно влијание на обуката и развојот врз перформансите навработените и организациите. Оттука, објаснувачките варијабли треба да се бараат вопоголемата мотивираност на вработените за да ја подобрат нивната продуктивност.
Bekele (2021) во неговиот труд нотира дека постои позитивна корелација меѓу
програмите за обука и развој на вработените и нивните перформанси. Во основа, целта
на обуката и развојот на вработените треба да биде подобрување на продуктивноста
на вработените. Продуктивноста мерена на микроекономско и индивидуално ниво е
клучна за остварување на целите на самата организација и генерирање на нејзина
конкурентност.
Инвестициите во обука и развој на вработените во овие динамични услови на пазарот
на труд треба да се набљудуваат и да се конструираат како инструмент за
стабилизирање на очекувањата и креирање позитивни очекувања за раст и развој на
вработените и компаниите, со цел стабилизирање на одливот на вработени на
компаниите.
Имено, очекувањата се од клучна важност за економската динамика на
макроекономско и на микроекономско ниво и тие се клучни за однесувањето на
економските субјекти. Во овој контекст, очекувањата на вработените се од клучна
важност за генерирање на продуктивност и создавање лојалност кон одредена
организација на среден и долг рок.
Оттука, програмите за обука и развој се важни за зголемување на довербата на
вработените во компанијата, за идниот тек и развој, и за создавање поголема
приврзаност и лојалност на вработените кон компанијата. Оваа поврзаност ќе
овозможи стабилизирање на кадровската политика и поголема можност за раст на
продуктивноста на вработените.

Ристе Kостовски, студент од втор циклус на Економски факултет