top of page

Комуникација професор-студент: колку е важна?

Oct 24, 2024

2 min read

17

107




Во оваа статија би сакал да ја истакнам важноста на комуникацијата меѓу професорите и студентите, а и улогата што ја носам како лидер на студентите при Универзитетското студентско собрание (УСС-УКИМ). Ова не само што влијае врз академскиот успех, туку игра и клучна улога во формирањето идни лидери, критички мислители и општествено ангажирани граѓани. Пример за тоа е организирањето тимбилдинзи и проекти во текот на целиот претходен мандат.


Како претседател на УСС-УКИМ, моја одговорност е да ја олеснам комуникацијата со институциите, да ги застапувам потребите на студентите и да ги поттикнувам професорите да бидат отворени за дијалог и иновации. Ова го постигнуваме преку разни активности што ги организираме за зајакнување на професорско-студентската соработка, како што се: работилници за комуникациски вештини, интердисциплинарни предавања и форуми за критички дебати. Еден од позначајните настани беше Интердисциплинарната студентска конференција во Охрид, каде што учествуваа студенти и професори и се дискутираа разни теми на 17 работилници и 2 панел-дискусии.


  Во рамки на мојата позиција, се стремам да поттикнам подигнување на студентскиот стандард и да ги мотивирам моите колеги активно да се вклучат во процесите што влијаат врз нивниот живот. Студентскиот активизам е клучен за подобрување на нашето општество и за создавање одговорни граѓани. Успехот на овие иницијативи се должи на инклузивниот пристап што го користиме при застапување на студентските интереси и потреби. На пример, преку мерката „Нашите млади создаваат дома“, се трудиме да оствариме можности, младите дипломирани студенти да добијат ваучери за основање бизнис или продолжување на образованието​.


Мојата улога како студентски лидер значи постојано да се стремам кон подобрување на состојбата на универзитетот и општеството во целост. Со тоа, ја преземам одговорноста да водам конструктивни дијалози со институциите и професорите, и да осигурам дека гласот на студентите е јасен и силен. 


За крај, мојата визија е општество во кое младите ќе бидат двигатели на промени и каде комуникацијата ќе биде основата на нашето заедничко напредување. Важно е да градиме мостови меѓу сите учесници во образовниот процес, за да обезбедиме висококвалитетно образование и одржлива иднина во нашата земја. Преку овие иницијативи и проекти, продолжуваме да создавање амбиент во кој младите ќе можат да се реализираат и да ја градат својата иднина дома.

(Александар Николовски, претседател на УСС)


Oct 24, 2024

2 min read

17

107

bottom of page