
ИСПИТУВАЊЕ ПРИСУСТВО И СОДРЖИНА НА АЛКАЛОИДИ ВО АФИОН И НЕГОВИ ПРЕРАБОТКИ СО КОРИСТЕЊЕ ТЕЧНА ХРОМАТОГРАФИЈА И ВИБРАЦИСКИ СПЕКТРОСКОПСКИ ТЕХНИКИ
Nov 30, 2024
2 min read
1
38
Клучни зборови: афион; алкалоиди; течна хроматографија; вибрациона спектроскопија.
Вовед: Афион е едногодишно тревесто растение, од фамилијата Papaveraceae. Екстрактот од афионови чушки претставува лековита хербална суровина во чиј состав се присутни морфинански, бензилизохинолински и фталилтетрахидроизохинолински алкалоиди. Токму заради присуството на овие алк алоиди, афионовите чушки / афионот, преставува извор на терапевтски агенси и има големо историско и социо-економско значење за Македонија.
Цел: Цел на ова истражување е испитување присуство и содржина на опиоидни алкалоиди во хербална суровина - чушки од афион и негови преработки, со користење на различни методи и тоа високо ефикасната течна хроматографија (HPLC) и вибрациски спектроскопски техники (ВСТ) со што ќе се докаже можноста за идентификување и квантификување на опиоидни алкалоиди со користење на ВСТ како алтернативна метода, на постоечката HPLC референтна метода.
Материјали и методи: Извршена е 30-минутна ултрасонична рефлукс екстракција со вриечки метанол на примероци од сомелени и просеани чушки и компримати од афионови чушки, како и раствор од опиум, и истите се подложени на HPLC анализа. На истите примероци се снимени спектри со примена на ВСТ.
Резултати: HPLC анализа на чушки од афион откри дека примероците се со различна содржина на опоидни алкалоди. На добиените ВСТ спектри применет е мултиваријантен статистички пристап со применета регресија на парцијални најмали квадрати(PLS) за развивање и оптимизирање на модели за класификација и квантификација, при што HPLC е користена како референтна метода. Преку овие модели за квантификација на опоидните алкалоди, пресметана е грешката на предикција.
Заклучок: Добиените резултати укажуваат дека ВСТ како многу брзи и недеструкти вни техники би можеле да најдат практична примена во фармацевтската индустрија, како и во разни истражувања за брза идентификација и квантификација на целните алкалоиди во растителна суровина, преработки и медицински производи.

Ива Анчевска и Невена Аќимовска, Фармацевтски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје