top of page

Зошто батериите за складирање на електрична енергија се од суштинска важност за енергетската транзиција?

Nov 21, 2024

1 min read

4

18

За да одговориме на ова прашање, најпрво мораме да разбереме два клучни концепта:

  1. Дневен дијаграм на потрошувачка

  2. Стохастична природа на обновливите извори


Дневниот дијаграм на потрошувачка е графички приказ што ја покажува потрошувачката на електрична енергија во текот на еден ден. Обично, на оската за време (х-оска) се прикажуваат часовите од денот, додека на оската за потрошувачка (у-оска) е прикажана количината на потрошена енергија во мегават-часови (MWh) или киловат-часови (kWh).


Стохастичната природа на обновливите извори значи дека нивното производство зависи од непредвидливи природни фактори, како сонцето и ветерот, што создава варијабилност и предизвици за стабилноста на електроенергетскиот систем.

На следниот график сината линија ја претставува потрошувачката, додека црвената линија го прикажува производството од обновливи извори (во овој случај, сончевата енергија од фотоволтаични панели).

Проблем: Според основниот закон за запазување на енергијата, таа треба да се троши во моментот кога се создава, што не е случај на графикот, особено при искористување на енергијата од сонце и ветер.


Областа означена со бројот два претставува вишок енергија, која може да се складира во батерии. Подоцна, батериите ја испорачуваат складираната енергија во моментите на зголемена потреба и отсуство на обновлив извор (на пример, во областите означени со бројот 1) со што се добива стабилен систем.


Поради тоа, батериите за складирање на електрична енергија се од суштинска важност за енергетската транзиција, интеграцијата на обновливите извори и намалувањето на јаглеродните емисии.

Павел Тасевски (ЕАОИЕ, Факултет за електротехника и информациски технологии)

                                                                                                          



Nov 21, 2024

1 min read

4

18

bottom of page