top of page

In vitro карактеризација на биомедицински филмови со микрочестички за третман на хронични рани

Nov 26, 2024

2 min read

4

98


Хроничните рани се многу комплицирани и скапи за лекување и се од интерес за развивање поефективни терапевтски производи за возобновување на оштетеното ткиво и забрзани процеси на реепителизација. Добро познат е терапевтскиот потенцијал на кантарион, невен, комерцијално масло од канабидиол и слуз од градинарски полжав (Helix aspersa) при третирање хронични рани.


Целта на истражувањето е развој на облоги/биофилмови за рани што содржат мултикомпонентна хербална мешавина (МХМ) енкапсулирана во микрочестички (МЧ).


Два различни полимерни хидрогели беа припремени користејќи натриум-алгинат/натриум карбоксиметилцелулоза (масен сооднос = 1,65:0,46; примерок 1) или хипромелоза (2%; примерок 2) со 1,5% глицерол како пластификатор. Претходно припремените МЧ (EU patent-PT-0005392-EP-EP) беа диспергирани во полимерните хидрогели. Подготвени беа и празни биофилмови со МЧ без енкапсулирана МХМ (примероци 10 и 20, соодветно). Формулациите беа излеани во петриеви плочи и исушени во амбиентални услови.Биофилмовите беа карактеризирани од аспект на реолошки својства, степен на бабрење и на губење растворувач, механички својства (цврстина на истегнување и елонгација) и брзина на трансмисија на водена пареа.


Припремените празни облоги/филмови беа транспарентни, униформни и мазни. Инкорпорирањето на МЧ во хидрогел подлогата резултираше со кафеава боја кај биофилмовите. Примероците 20 и 2 беа

повискозни во однос на примероците 10 и 1 (761 и 1552 mPa*s, односно 161 и 27 mPa*s, соодветно) со псевдопластично однесување, висок степен на бабрење (45 и 30,2% по 48 часа, за примерок 2 и примерок 1 соодветно), помало губење растворувач (5,8±0,01 гр. односно 5,4±0,01 гр.  и 5,9±0,015 гр., 5,7±0,01 гр., соодветно), супериорни механички особини (19,83 и 32,65 MPas цврстина на истегнување и елонгација 62,7 и 69,6%) и со повисока брзина на трансмисија на водена пареа (447,9 и 467,4 гр/м2) по 24 часа.


Биофилмовите со хипромелоза и МЧ со МХМ резултираа со пожелни карактеристики за облога/биофилм и можат потенцијално да се употребат како нови софистицирани производи за ефикасно третирање хронични рани. 



Методи Наумовски и асистентка Теодора Тасевска, под менторство на проф. д-р Марија Главаш Додов, Центар за фармацевтска нанотехнологија, Фармацевтски факултет, УКИМ-Скопје, Северна Македонија


Nov 26, 2024

2 min read

4

98

bottom of page