top of page

FIRE – Financial independence retire early

Nov 16, 2024

1 min read

7

35

Во денешниот свет, концептот за рано пензионирање, во третата деценија на една личност, станува сѐ попопуларен. Ова се должи на повеќе фактори, на пример, зголемената свест за поставување нa личното уживање како приоритет наметнат од ковид пандемијата и генерациските промени во погледите кон работата.

Независно од причините, за постигнување на оваа цел се јавува потреба од финансиска независност, која може да се постигне преку одвојување парични средства пред триесеттата година. Овие одвоени средства не треба да се штедат на класичен начин преку депозити во банка, туку да се инвестираат на долг рок (повеќе од 10 години), и така тие ќе донесат далеку поголем принос од кој било банкарски депозит.

Тука спаѓаат инвестиции како што се: акции, обврзници, недвижности и удели во инвестициски фондови. Овие средства за нас ќе генерираат парични приливи што нема да зависат од тоа дали ние работиме или не. За еден млад човек да може да го оствари концептот FIRE, неопходно е да се здобие со поголема финансиска писменост, за да го разбере функционирањето на горенаведените средства. Дополнително, треба да знае да го пресмета потребниот износ за да може да излезе од работната сила, а тој може да се добие со дисконтирање на идните финансиски потреби на личноста со денешна вредност, споредено со дисконтираните идни финансиски приливи што ќе ги генерираат инвестициите.


Иван Трајковски- студент на Економски факултет

Nov 16, 2024

1 min read

7

35

bottom of page